Сончево со мала до умерена локална облачност

од Radmila Tasevska

Времето утрово ќе биде студено и особено во котлините во јужниот дел со појава на магла или ниска облачност.

Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 6 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус 4, а максималната ќе достигне до 6 степени, информираат од УХМР.

Во следните денови следи период на стабилно време со пониски утрински температури. Денес и во среда по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, кога и дневните температури ќе се задржат пониски. Потоа дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Слични содржини