Сончево време со мала до умерена локална облачност

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8

Во Скопје и околината сончево со мала облачност и со слаб северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

В сабота ќе се задржи многу топло време со пораст на дневните температури.

Од недела во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В недела ќе дува засилен североисточен ветер, што ќе предизвика пад на температурата од 2 до 4 степени.

Слични содржини