Сондата “Њу хорајзонс” го заврши своето патување до Плутон, кое траеше повеќе од 9 години, пренесе ББС.
Во поголемиот дел од патувањето леталото хибернираше, за да заштеди енергија и трошоци и да се вклопат во буџетот од 720 милиони долари за истражување.
Во јануари “Њу хорајзонс” се разбуди за да почне да ја забележува планетата – џуџе, која беше “аутсајдер” меѓу гасните гиганти наоколу. Научниците сметаат дека можеби околу Плутон и сателитите ќе откријат фосили од формирањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години.
Апаратот нема можност да влезе во орбитата околу планетата, па најважниот дел од патувањето ќе трае само 30 минути. Во нив “Њу хорајзонс” ќе помине покрај Плутон и ќе го сними, надевајќи се дека ќе открие од што е составена планетата и ќе ја анализира нејзината атосфера. “По деветгодишно патување, сега треба да знаеме каде точно ќе биде Плутон во рамките на 100 секунди” , коментира менаџерот на проектот Глен Фаунтин. Се очекува “средбата” меѓу сондата и планетата да се случат во вторникот.