
Со години, Sony и Microsoft се борат во жестока битка за да доминираат на пазарот на гејминг конзоли. Двете компании веќе работат напорно на Xbox 2 и PS5, кои ќе ги видиме следната година. Додека со нетрпение очекуваме да дознаеме повеќе за хардверските подобрувања во двата уреди, дознаваме за интересен заеднички проект помеѓу двата гиганти. Излегува дека двете страни ги оставиле разликите зад себе, правејќи стратешко партнерство во областа на стриминг игрите и вештачката интелигенција.
Значи, Microsoft и Sony сакаат да го забрзаат следниот бран на иновации во гејмерскиот сегмент. Другиот водечки фокус на нивното партнерство ќе бидат услугите во облак, кои допрва ќе овозможат уште повеќе можности, за да се забавуваме со нашите омилени игри. Специфичните параметри за нивната соработка не беа јавно објавени, веројатно поради конкуренцијата меѓу нив на пазарот на гејминг конзоли. Сепак, добро е гејмерите да дознаат дека Microsoft и Sony ќе соработуваат во овој проект.
Заедничкиот проект ќе биде поврзан со интеграцијата на Microsoft Azure платформата, која ќе се користи од стриминг услуги и онлајн предлозите на Sony. Toва ќе биде само еден од елементите на партнерството што допрва ќе ни обезбедува уште попривлечни и поинтерактивни начини да играме од своите уреди. Нивниот заеднички проект е уште еден доказ за технолошки компании, кои истовремено се натпреваруваат за вниманието на потрошувачите, но и можат да бидат партнери, кога тоа е потребно.