Future Lab, новиот оддел на Sony за истражување и развој, го претстави првиот концепт за слушалки кои се носат околу вратот, а сепак музиката ја слуша само оној што ги носи.

Тие не ги блокираат надворешните звуци, па можно е да слушате музика додека разговарате.
Опремени се со систем за препознавање гласовни команди, како и со камера.