368
Со засилување на конфликтот во Авганистан, Обединетите нации предупредија дека 390.000 луѓе би можеле да бидат раселени низ целата земја.
Хуманитарната мисија на ОН предупреди дека без големо намалување на насилството, Авганистан ќе има најголем број цивилни жртви за една година откако ОН водат евиденција во таа земја, објави британскиот весник „Гардијан“.
Во моментов, има сообраќаен колапс во Кабул, бидејќи голем број луѓе брзаат кон своите домови или бегаат од нив.
#Kabul is choked right now. pic.twitter.com/Mcziv2KRHi
— عسکری رینچ (@NaikRooh) August 15, 2021
Треба да се потсети дека ситуацијата во Авганистан станува сѐ понапната откако талибанците ја презедоа контролата врз Кабул.