Сообраќајка на излезот од Гостивар, сообраќајот во прекин, има повредени

од desk2
108 прегледи

На магистралниот пат Гостивар – Кичево, на местото викано Прогрес 98, поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот е во прекин.

Сообраќајќата, како што потврдила полицијата, се случила околу 14 часот на излезот од Гостивар кон Кичево.

Во сообраќајната несреќа што се случи на излезот од Гостивар кон Кичево се судрија автомобил марка „фолксваген пасат“ и минибус.

Според првичните информации повредени лица има, но засега не е познат бројот на повредени и видот на повредите.

Сообраќајката се случи околу 14 часот, а во прекин е и сообраќајот на патот Гостивар-Кичево. Во тек е увид.