225
На патниот правец Скопје – ГП Блаце, поради одрони на патот, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.