Сообраќајка кај кавадаречкото село Раец, се судриле две товарни возила

од Milan1
70 прегледи

Едно лице било повредено вечерва во сообраќајка кај кавадаречкото село Раец, потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош – Кавадарци.

– Лицето било приклештено во камион и извадено од пожарникари. По укажаната прва медицинска помош на лице место, со возило на Брзата помош е пренесено кон кавадаречката општа болница, појасни Паракеов.

Биљана Ѓаковска, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Велес, исто така, потврди за дека имало сообраќајка на магистралниот пат Градско – Прилеп кај Раец, меѓу две товарни возила.

Таа истакна дека во тек бил увидот на лице место и засега не може да каже повеќе детали.

Слични содржини