Сообраќајни несреќи на Илинденска и Партизански одреди: Повредени лица и сериозни оштетувања

од Илинка Илиоска
978 прегледи

Четири возила учествувале во верижен судир вечерва на булеварот Илинденска во Скопје, при што три од нив имале поголеми оштетувања.

Инцидентот се случил околу 17:40 часот на потегот од Владата до фонтаната во Градскиот парк.

МВР потврди дека двајца учесници во судирот се повредени. Неколку минути подоцна, два автомобили се судриле и на булеварот Партизански одреди, спроти Лептокарија, при што возилата биле сериозно оштетени.

Слични содржини