Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по претежно влажни коловози, известуваат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Оттаму велат дека по усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.
-Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од претпријатието.
Во однос на можната појава на одрони од АМСМ велат дека тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.