Соопштение на ЛП: „Изборите нема да бидат ниту фер, ниту демократски“

од Vladimir Zorba
143 прегледи

 

Изјава на Данчо Марковски, носител на листата на ЛП во Изборна единица 3:reshenie

 

„Знаев дека кампањава ќе биде највалканата до сега и дека избориве ни ќе бидат кредибилни ни демократски.

Дека нели се обезбедија минимум услови за тоа. Знаев и дека ќе подлежам на притисоци и закани јас и моето семејство.

Добив полна поддршка од нив затоа што сум на страната на правдата и вистината.

Уште на средбата со граѓани на Либералната партија во Велес ми стана јасно дека почнаа валканите игри, кога неколку малолетни лица дојдоа и почнаа да извикуваат ВМРО…ВМРО.

Не очекував ништо помалку, толку од вашата инвентивност.

Ден потоа стига реакција од директорот на ЈЗУ Општа болница Велес, Атанас Василев, каде мојата мајка е вработена. Прераспределена е веднаш на друго работно место со решение. Не и е прво распределување и притисок заради мене во последнава година. Жена со 30 години стаж во таа институција. Толку од кодексот за фер и демократски избори.“

Поради ваквите настани претседателот на ЛП, Ивон Величковски неодамна изјави: „Изборите нема да бидат ниту фер, ниту демократски“.