Соопштение на МЗШВ за пресот на Николовски

од desk3
89 прегледи

 
Во врска со денешната изјава на дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство уште еднаш ќе потсети дека министерот Михаил Цветков веднаш по стапувањето на должност формираше посебна Комисија за „Јапонската помош“.

MZSV-540x320

Бидејќи се работи за обемен материјал, а имајќи предвид дека средствата од јапонската помош се реализирани преку неколку јавни повици и тоа почнувајќи од 1997 година, потребен е подолг период за прибирање на валидна документација.

По завршувањето на работата на комисијата, ќе се има целосен увид во документацијата, по што ќе ги објавиме официјалните информации.

Дополнително, сакаме да ја информираме јавноста дека наводното писмено информирање на 30.09.2015 година – не постои, односно таква писмена информација не е доставена до министерот Цветков.