Според новинарско истражување на „Сведок“, сопруг на судијка од Основен суд Скопје 2, побарал стан како подарок од бизнисмен, со цел да ја убеди сопругата да донесе одлука во негова корист.
Имено, судија од Основниот суд во Охрид бил осуден на казна затвор затоа што побарал и примил мито за да реши предмет во корист на една од странките, а Судскиот совет кој знаел за случајот, одбил да го разреши цела година откако била донесена правосилна пресуда. Бил разрешен дури откако медиумите го откриле случајот.
Ваквите наводи ги потврди во писмена изјава бизнисменот Сергеј Самсоненко, кој поради побараното мито, од претседателот на Основниот суд Скопје 2, побарал изземање на стечајната судијка, иако тоа не се случило.
„Моето сомневање во непристрасноста произлегува и од еден настан кој се случи во Грција на тераса во Порто Карас. Јас бев на состанок за друга работа , но мојот пријател Лазе водеше разговор со еден човек на страна, за кој после разбрав од Лазе дека е сопругот на судијата Ирена, кој му побарал на Лазе да помогне за проблемот кој сум го имал кај неговата сопруга, а јас да сум му дал стан во комплексот каде тој живеел.Кога разбрал дека јас за сите неправилности сум ги известил и МВР и Владата веднаш заминал со сопругата“, посочил Самсоненко во своето барање.