Сопругата го оставила поради неговата мајка: Бурен брак на најубавиот Турчин

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Актерот Бурак Оживит (37) ги полуде жените ширум светот како Бали-бег во популарната серија „Сулејман Величествениот“.

А неговото срце го освои колешката Фахрије Евџен (36).

Сепак, додека згодниот Бурак стануваше се поуспешен во актерството, проблемите во љубовта постојано доаѓаа.

На почетокот сè изгледаше идилично, кога во 2017 година сликите од свадбата на убавата двојка го обиколија светот.

Сепак, се испостави дека тие двајца често се расправаат, а нивната врска била особено затегната за време на пандемијата на коронавирусот. Се пишуваше дека актерката и нејзиниот син боледуваат од Ковид и цело време биле дома и дека тогаш Фахрије нон-стоп се расправала со Бурак. Се шпекулираше дека во еден момент дури и го кренала гласот на свекрвата.

Тогаш реагирал Бурак.

Ја бранел мајка си и застанал на нејзина страна.

Поради ова Фахрије наводно решила да ја напушти нивната луксузна вила.

И двајцата сето тоа го негираа споделувајќи фотографија на Инстаграм.

Исто така, пред неколку години актерката падна во депресија по смртта на нејзиниот татко, кој долго време се бореше со рак на желудникот.

Бали-бег сакал да и помогне на сопругата и се грижел за својот син, но таа не го послушала неговиот предлог да посети психолог. Покрај тоа, излегува дека најголемиот проблем на овој пар е воспитувањето на нивниот син.

Се зборуваше дека двајцата немаат ист став за воспитувањето на детето, поради што често се во конфликт.

Во една прилика, додека се одморале во вила во Бодрум, двајцата толку се скарале што нивната расправија ја слушнале и соседите кои интервенирале да ги помират. После тоа турските папараци ги снимија како ручаат – сосема мирно.

Упатените тврдат дека Бурак често е на работ на трпението и дека, иако ја сака својата сопруга, често нема сила да се бори со нејзините напади на лошо расположение.

За нештата да бидат поинтересни, имаше и гласини дека Бурак е геј и дека ја крие вистината бидејќи таа вест ќе му ја уништи кариерата, а некои турски медиуми објавија дека неговата поранешна девојка го нашла во кревет со маж.

И додека приказните за нивното раскинување продолжуваат да кружат, сега од нив доаѓа вест дека Фахрије е повторно бремена.

Таа објави фотографија од трудничкиот стомак, која ја „лајкна“ Бурак.

Инаку, двајцата се запознале на снимање на серија и брзо се заљубиле. Набрзо заедно снимија филм, а во меѓувреме се дозна дека се во врска.

„Штом се запознавме, меѓу нас се роди страст, посебна енергија која ретко ја чувствуваш. За време на снимањето на филмот, нашата врска се зацврсти“, изјави еднаш тој.