Сопругата го понижи Алек Болдвин пред камера: „Кога јас зборувам, ти не зборуваш“

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Хиларија Болдвин пред медиумите зборуваше за можноста TLC да снима втора сезона од нивното реално шоу „The Baldwins“, а во еден момент го понижи и својот сопруг Алек Болдвин.

Водителот праша дали гледачите може да очекуваат втора сезона од серијата, во тој момент Алек се вмеша и на шега рече дека тоа е „The Hilaria Show“, алудирајќи на тоа дека неговата сопруга е главната ѕвезда на серијата.

„Мислам дека ќе видиме, знаете, ќе видиме како јавноста ќе реагира“, рече Хиларија, а потоа Алек додаде: „Ќе биде одлично. Ти си победник“.

Сепак, оваа изјава очигледно не и се допадна на неговата сопруга, која нагло реагираше и ги остави сите без зборови. Хиларија потоа се сврте кон својот сопруг и му рече: „Кога јас зборувам, ти не зборуваш“.

Актерот можеше само да и се извини, а таа кревајќи ги рацете повтори: „Кога јас зборувам, ти не зборуваш“.

Како ништо да не се случило, таа се сврте кон микрофонот и се пошегува: „Значи, само ќе треба да го исклучиме од шоуто“.

Слични содржини