175
Стела Асанж денеска изјави дека нејзиниот сопруг, основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е политички затвореник, додавајќи дека американскиот претседател Џо Бајден треба да се откаже од „овој срамен случај“.
„Тој е новинар и го прогонуваат затоа што ја разоткри вистинската цена на војната во човечки животи“, рече Асанж, обраќајќи им се на толпата пред судот во Лондон кој претходно денеска одлучи дека основачот на „Викиликс“ може да поднесе жалба против екстрадицијата до САД, јавува Би-Би-Си.
Таа додаде дека случајот на Асанж „е порака до сите вас дека ако ги изложите интересите на оние кои ја започнуваат војната, тие ќе дојдат по вас“.