Асанж се појави на погребот на папата Франциск, кој многу му помогна во најтешките моменти

од Milan1
134 прегледи

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, се појави денес со сопругата Стела на погребот на папата Франциск во Ватикан.

Новинарот и активист бил на плоштадот „Свети Петар“ со сопругата и двете деца, објави британскиот „Телеграф“.

Папата Франциск се сретна со Стела сопругата на Асанж во 2023 година за време на 14-месечната правна битка на Асанж за избегнување на екстрадиција во САД од Велика Британија.

Таа во тоа време рече дека папата му пишал на Асанж во март 2021 година.

„Тој ни даде голема утеха и ние сме му неизмерно благодарни“, рече тогаш сопругата на Асанж.

Од 2010 година, Викиликс, меѓу другото, објавува доверливи материјали од информаторката Челси Менинг за американските воени операции во Ирак и Авганистан.

Иако САД го обвинија по повеќе точки, поддржувачите на Асанж го сметаат за храбар новинар кој разоткрил воени злосторства.

Асанж се засолни во еквадорската амбасада во Лондон седум години, а во 2019 година беше уапсен за екстрадиција.

Сепак, тој беше ослободен кон крајот на јуни 2024 година како дел од договорот со Министерството за правда на САД, по што се врати во својата татковина, Австралија, пренесува Танјуг.

Слични содржини