Сопругата на Брус Вилис објави видео поради кое плаче целиот свет (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
115 прегледи

Ема Хеминг Вилис, сопруга на Брус Вилис, на Инстаграм објави кратко видео од славниот актер со неговата ќерка Евелин.

На видеото се гледа како Брус Вилис и нивната помала ќерка Евелин (10) шетаат во Њујорк. Објавата ѝ се допаднала и на поранешната сопруга на актерот Деми Мур, со која се многу блиски и која е вклучена во неговата битка со фронтотемпоралната деменција.

„Најдоброто место за седење“, напиша Ема Хеминг Вилис покрај фотографијата на Брус Вилис и ќерката Евелин.

Видеото е од 2019 година, пред на славниот актер да му биде дијагностицирана афазија, а потоа и деменција, пишува „Daily Mail“.

Малата Евелин неверојатно личи на својот татко, а Ема претходно раскажала како тогашното мало девојче е слично на нејзиниот татко.

Да потсетиме дека Брус Вилис со Ема ја има и ќерката Мејбел, додека од бракот со Деми Мур ги имаат Румер, Талула и Скаут.

Слични содржини