Сопругата на Хекман сакала тој да живее што подолго, па го присилила на екстремна исхрана?

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Помина повеќе од една недела откако беа пронајдени телата на Џин Хекман, неговата сопруга Бетси Аракава и едно од нивните кучиња.

Истрагата за тоа како се случила оваа трагедија се уште е во тек, но секој нов детал покажува колку е збунувачка целата ситуација, а приказните за парот долеваат масло на огнот.

Според извор за „Дејли Мејл“, 64-годишната Аракава сакала нејзиниот сопруг да живее што е можно подолго и го охрабрувала Хекман да се занимава со различни активности, и покрај неговото видно ослабено здравје.

Поради оваа причина, таа го принудила да користи бастун додека се движи наоколу, иако е вообичаено луѓето на негова возраст да користат инвалидска количка. Исто така, по наговор на неговата сопруга, Хекмен одел на јога и таи чи и правел вежби за постари лица. Додека 95-годишниот Хекман бил љубител на слатки и брза храна, Аракава му готвела риба, зеленчук и црвено кари, со мисо супа и салата од ракчиња.

Двојката живееше во Ново Мексико две децении, а Аракава сметаше дека ова е одлично место за живеење поради духовниот вител во Санта Фе. Според некои тврдења, тоа е специфична локација на Земјата која има концентрирани количини на моќна духовна енергија.

Полицијата во Ново Мексико очекува да ги добие резултатите од токсиколошките тестови во наредниот период за да добие барем приближна претстава за можната причина за смртта.

Единствено што е сигурно е дека постои голема можност тие да починале девет дена пред да бидат пронајдени.

Слични содржини