Сопругата на Кевин Костнер се иселила од нивната вила и се сместила во куќата за персоналот

од Stefanija Kuzmanovska
465 прегледи

Поранешната сопруга на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер, официјално се исели од нивниот заеднички дом, но таа не отиде далеку.

Имено, пред домот на славниот пар во Санта Барбара, Калифорнија, чиј брачен бродолом ги преполни медиумските страници во последните месеци, забележани се големи камиони во движење, што ги подгреа шпекулациите дека Баумгартнер се сели среде нивниот развод.

„Кристин зема правен совет според предбрачниот договор и го напушта семејниот дом“, изјави извор за People, додавајќи дека таа ќе „престојува во помала куќа на имотот што се користел како сместување на персоналот“. Извор близок до парот открил дека ова е „привремено решение“ и дека таа „се уште бара друга куќа“.

Како што открива изворот, Кристин се одлучила на овој чекор за да не им го наруши животот на своите деца, кои наесен се враќаат на училиште.

„Таа се обидува да направи сè што е можно понормално. Нејзиниот единствен фокус се децата“, рекол изворот.

Купишта картонски кутии, веројатно полни со нејзините работи, биле наредени околу камионот паркиран во домот.

Не е познато дали поранешната двојка била присутна на денот на преселбата, а Костнер (68) најверојатно се уште одмара во Аспен со своите три деца. Овој потег бил организиран три дена пред 49-годишната Кристин да мора да го напушти нивниот семеен дом. Имено, на почетокот на месецов, судијата ѝ нареди да го напушти домот до 31 јули, почитувајќи ги условите од нивниот предбрачен договор, кој бил потпишан во 2004 година.

Слични содржини