321
Професорката Билјана Масиќ, сопругата на Мирослав Мика Алексиќ, познат учител по глума осомничен за силување, за првпат по апсењето открива со што се соочува и низ што се поминува откако се појавија обвинувањата против нејзиниот сопруг.
– Мика е страшен борец и верувам дека тој не е виновен. Тој е човек кој не се предава. За еден ден, тие уништија нечиј цел живот, кариера, чест … Сето тоа добро го организираа преку институциите на системот, не давајќи му можност да каже ниту еден збор – рече професорката Масиќ.