Сопругата на милијардерот откри како патниците од подморницата ги поминале последните моменти

од Stefanija Kuzmanovska
627 прегледи

Пет патници на подморницата Титан – меѓу кои и тројца Британци – ги поминале последните моменти пред да умрат слушајќи музика во целосна темнина и гледајќи биолуминисцентни суштества во длабочините на океанот, откри сопругата на една од жртвите.

Нуркањето кон потонатиот брод Титаник започна на 18 јуни во 8 часот наутро.

Еден час и 45 минути подоцна, во 9:45 часот, бил изгубен контактот со подморницата, пишува „Дејли Мејл“.

Сега е познато дека подморницата имплодирала бидејќи американската морнарица го забележала звукот.

Пет дена подоцна, на морското дно, на околу 500 метри од Титаник, беа пронајдени остатоците од подморницата.

Сите што биле во подморницата – директор на компанијата што ја организирала експедицијата Стоктон Раш (61), француски експерт за Титаник П.Х. Нарголе (77), британскиот милијардер и авантурист Хамиш Хардинг (58) и таткото и синот Шахзад Давуд (48) и Сулеман Давуд (19) починале истовремено без да имаат време да сфатат што се случило.

Кристин Давуд, сопругата на Шахзад и мајка на Сулеман, во неделата откри досега непознати детали за нуркањето.

Таа навела дека состаноците за нуркање се одржувале во 7 часот наутро и во 7 навечер.

На оние кои ќе нуркаат во подморницата им било кажано да носат дебели чорапи бидејќи е студено во длабочините на океанот.

Им било кажано да јадат нешто многу лесно и да не пијат кафе пред патувањето.

Имено, во подморницата нема тоалет, туку само шише или мал тоалет за кампување зад завеса.

На патниците исто така им било наложено да ги „наполнат“ своите мобилни телефони со омилената музика која можеле да ја пуштаат преку Bluetooth звучниците. Дозволени биле сите видови музика – освен кантри, рекол Раш пред патувањето.

Тој, исто така, ги предупредил патниците на неговата подморница дека ќе го поминат нуркањето во целосна темнина бидејќи светлата ќе се изгаснат за да заштедат енергија од батериите што ќе им бидат потребни подоцна кога ќе се најдат на дното.

Но, во таа темнина тие ќе можат да видат биолуминисцентни суштества.

Кристин Давуд рече дека нејзиниот сопруг бил возбуден „како мало дете“.

Слични содржини