Сопругата на Навални ослободена од притвор, утре излегува пред судот

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, е ослободена од притвор и вети дека ќе се појави пред судот откако беше приведена порано денес за време на протестите во Москва, изјави нејзиниот адвокат Светлана Давидова.

Таа рече дека Јулија е обвинета за кршење на законот за забрана за организирање неовластени протести, митинзи и маршеви.

Сопругата на Алексеј ќе се појави пред судијата утре во 10 часот по московско време и постои можност да биде осудена на 15 дена административен притвор, јави ТАСС.

Навална беше однесена за време на маршот до казнено поправниот дом „Матрошка Тишина“, каде што беше затворен нејзиниот сопруг.

Таа беше приведена и на претходните протести организирани на 23 јануари, по што беше ослободена.

Слични содржини