Еден од најголемите критичари на претседателот Владимир Путин, Алексеј Навални, беше уапсен вечерва еден час откако пристигна во Москва.
Неговиот авион слета на аеродромот Шереметјево, иако првично беше планирано авионот да слета на аеродромот Внуково поради „технички проблеми“.
Руските медиуми наведуваат дека на Внуково биле уапсени неколку лица.
Кога пристигнал на пасошка контрола, бил уапсен од припадници на полицијата. Според органите за спроведување на законот, тој ќе остане во притвор се додека судот не донесе одлука за неговата слобода.
На неговата сопруга Јулија, неговиот портпарол и адвокат им беше дозволено да влезат во Русија.
За време на апсењето, полицијата не му соопштила на Навални зошто го лишува од слобода и не и дозволила на сопругата и адвокатот да го следат.
Собраните на аеродромот тврдат дека сопругата Јулија и прес-секретарот на руската опозиција, Кира Јармиш, биле опкружени со новинари и симпатизери на Навални и дека им било тешко да ја пробијат толпата.
Според очевидците на самото место, тие не коментирале што се случило, а насобраните им аплаудирале и наводно скандирале „Јулија!“.
– Благодарност до сите што дојдоа. Тие толку се плашат од Алексеј што мораа да ги прекинат скоро сите летови вечерва во Москва. Толку многу луѓе беа изневерени само поради една личност која се вратила во неговата земја – рече таа пред да влезе во автомобилот, пренесува Комерсант.
– Што е најважно, Алексеј рече дека не се плаши, и јас не се плашам. И апелирам до сите да не се плашите. Ви благодарам на сите за поддршката – додаде сопругата на Навални.
Задержание Алексея pic.twitter.com/q3mq4VZgBG
— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) January 17, 2021