Приоритет во спасувањето е да им се помогне на жените и децата, како и на најранливите во земјата, вклучително и децата кои боледуваат од рак и оние со попреченост, како и сираците, изјави првата дама на Украина Олена Зеленска.
Во интервјуто што го даде за CNN преку електронска пошта, како и што вообичаено комуницира со јавноста бидејќи се крие со двете деца на претседателската двојка, таа нагласи дека приоритет е тие да бидат „безбедно евакуирани во други земји како бегалци“.
Таа изјавила и дека соработува со „важни страни“ во Украина со цел „да им пружи поддршка на новородените деца во градовите кои се бомбардирани од Русите“.
Според неа, веќе се испорачани два инкубатори, а наскоро ќе има уште осум.
Зеленска рече дека на неа и на нејзините деца им било забрането да останат со сопругот (Владимир Зеленски) во претседателската канцеларија „од безбедносни причини“.
„Војната е како одење по јаже: ако почнете да размислувате за она што го правите, губите време и рамнотежа. Затоа, за да издржите, мора да одите напред и да го правите тоа што го правите. Исто така, Украинците се истрајни“, рече таа.
„Многу од оние кои сами побегнаа од конфликтот, кои видоа смрт, велат дека најдобриот лек е да се направи нешто после такво искуство, да им се помогне на другите. Мене лично ме оддржува фактот што се трудам да ги заштитам и поддржувам другите. Одговорноста не учи на дисциплина“, додаде Зеленска.