Сопругот на исчезнатата Ана Волш обвинет за убиство

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Брајан Волш, сопругот на Ана Волш од Белград, која исчезна во САД, е обвинет за нејзиното убиство, соопшти денеска обвинителството.

Според Окружното обвинителство во Норфолк, Волш утре ќе се појави на суд за да се соочи со обвиненијата, пренесува NBC Norfolk.

Ана Волш исчезна  на први јануари рано наутро кога требаше да го напушти аеродромот Логан во Бостон на службено патување во Вашингтон.

Слични содржини