Сопственик нуди плата од 5 илјади евра, работници нема!

од Vladimir Zorba
883 прегледи

Стапката на невработеност во цела Австрија во јули изнесуваше 6,7 проценти, со 289.968 лица регистрирани во Заводот за вработување. На пример, во Виена моментално има 9.700 отворени работни места. Сепак, за многу компании е сè потешко да најдат соодветен персонал, пишува „Бизнис инфо“.

Мануел Лев-Бир, 35, основач и директор на компанијата за сајбер безбедност Spixnet, има слично искуство.

– Бараме двајца до тројца добри програмери, по можност за работа од дома. Што се однесува до образованието, секако е добро кандидатите да имаат завршено студии по компјутерски науки, но тоа не е строго задолжително – му рече тој на Хојте.

Досега немало недостиг од апликации, а според Лев-Бир, платата е добра.

– Нудиме над 5.000 евра месечно, што е до 30 проценти над колективниот договор – вели директорот, кој раководи со канцеларии во Виена и Ајзенштат.

Сепак, дури и таа плата не е доволна за некои.

Слични содржини