Сораја итно оперирана, се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

Сораја Вучелиќ во саботата доживеала страшна сообраќајна несреќа на границата со Албанија и моментално е во тешка состојба.

Според српските медиуми, старлетата се бори за живот откако се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа.

Вучелиќ наводно имала скршеници на ребрата, а имала и внатрешно крварење, поради што вчера била префрлена од Албанија во Хрватска на итна операција.

„Лекарите од саботата се борат за животот на Сораја. Веднаш по несреќата била префрлена во приватна клиника во Албанија каде и била оперирана. Сепак, вчера состојбата ѝ се влошила и почнала внатрешно да крвари. Семејството и пријателите решија да ја префрлат во Хрватска на нова операција“, рекол извор запознаен со случајот, објаснувајќи што се случило кобната сабота:

„Сораја со другарка тргна од Космет за Албанија. Таа возела џип мерцедес на кој налетало комбе. Од силината на ударот Сораја за малку ќе прелетала низ возачкото седиште. Со градниот кош удрила во воланот при што ги скршила ребрата и ги повредила внатрешните органи“.

Според него, глетката на местото на несреќата била грозоморна.

„Автомобилот е целосно уништен. Пожарникарите морале да ги извлечат Сораја и нејзината пријателка од џипот. Итната помош брзо пристигнала на местото на настанот и ја нашле во несвест. Ја приклучиле на инфузија и ја однеле во приватна клиника. Лекарите детално ја прегледале и утврдиле дека има скршеници на ребрата, повреди на вратот, белите дробови и стомакот, па затоа била оперирана. Меѓутоа, вчера наеднаш се појави ново крварење и таа мораше да оди на нова интервенција“, изјавил изворот.

Слични содржини