Поп дивата Мадона беше итно хоспитализирана и се наоѓа на интензивна нега.
Имено, како што вчера објавија светските медиуми, пејачката е во болница поради бактериска инфекција.
Како што е сега познато, „кризниот штаб“ на Мадона, односно нејзините најблиски соработници, одржал состанок на кој одлучиле да ги одложат сите нејзини настапи, поради страв дека пејачката нема да преживее.
Тие биле загрижени бидејќи ја одложуваат турнејата само 3 недели пред да започне, но немале друг избор.
„Едноставниот факт е дека никој во овој момент не знаеше како се ќе заврши. Мадона беше многу болна и во такви ситуации секогаш постои страв од најлошото“, вели изворот за „Дејли мејл“ и додава:
„Застрашувачки е фактот што е на интензивна нега. Луѓето од нејзиниот тим мораа да бидат фер кон обожавателите, и како што турнејата се приближуваше, тие донесоа одлука да ја одложат“.
Како што понатаму наведуваат во споменатиот текст, пејачката и да се опорави, нема да може да „скокне“ во распоредот, бидејќи никој не сака да ѝ врши таков притисок.