Соработник на Навални осуден на девет години затвор за екстремизам

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Соработник на затворениот руски опозиционер, Алексеј Навални денеска е осуден на девет години затвор поради екстремизам, пренесе АП.

Вадим Останин, кој претходно ја водеше канцеларијата на Навални во јужниот град Барнаул, беше осуден на девет години затвор откако судот го прогласи за виновен за организирање екстремистичка заедница и припадност на непрофитна организација која им штети на правата на граѓаните, објави тимот на Навални на социјалните мрежи.

Обвинителството побара 11 години затвор за 46-годишниот маж, кој беше затворен во ноември 2021 година.

Слични содржини