Сорос ги продал акциите на Apple и Facebook

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Нема ни месец откако инвеститорот Џорџ Сорос ги критикуваше силно технолошките компании Facebook и Google, во рамките на економскиот форум во Давос, и кога стана јасно дека уште во тоа време тој веројатно се ослободил од многу од акциите во технолошките концерни.

Во последниот квартален извештај на неговиот фонд во кој се наведуваат инвестициите кон крајот на годината, целосно недостасуваат акциите на Alibaba, Amazon, Apple и Facebook. При тоа на 30 септември Сорос држеше преку фондот акции вредни 70 милиони долари на Facebook.

Се разбира, тој не може да изврши сериозно влијание врз цената, бидејќи уделот му е премногу мал, уште повеќе дека основачите во секторот на технологијата често се обезбедуваат и со посебни права на глас и на тој начин го задржуваат влијанието.

Сепак, Сорос внел нови акции на нова компанија во своето портфолио – Alphabet. Според извештајот, тој поседува акции во вредност од 4,8 милиони долари.

87-годишниот Сорос, бегалец од Унгарија кој направил богатство со обложување против британската фунта во раните 1990-ти, сè повеќе се ангажира за политички причини.

Во својата татковина тој не е посакуван, затоа што се залага за отворено општество и финансира голем број проекти, па дури и цел универзитет. Во Велика Британија, тој стана познат како непријател на „Брегзит“, а на меѓународно ниво беше донатор на „Institute for New Economic Thinking“, кој има намера да ја револуционизира науката за економијата.

Слични содржини