Американскиот милијардер Џорџ Сорос (91) изјави дека рускиот напад врз Украина се заканува да стане почеток на Третата светска војна, која може да го означи крајот на цивилизацијата.
Според „Гардијан“, во остриот напад врз претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, на Светскиот економски форум во Давос, Сорос предупредил дека, како што рече, „автократските режими се во пораст, а глобалната економија се движи кон падот“.
„Инвазијата може да биде почеток на Третата светска војна и нашата цивилизација можеби нема да преживее. Инвазијата на Украина не дојде од ведро небо. Светот беше вклучен во борба меѓу два системи на владеење кои се дијаметрално спротивни еден од друг – отворено и затворено општество“, нагласи американскиот милијардер Џорџ Сорос.