Сорос удри по Орбан, но покрај Унгарија и друга европска земја му е трн во око

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

ЕУ не смее да прави компромис за условување на распределбата на пари на земјите-членки со почитување на владеењето на правото, а нејзиниот одговор на предизвикот поставен од Унгарија и Полска ќе утврди дали таа ќе преживее како отворено општество, посветено на вредностите врз кои е основана, тврди американскит финансиер со унгарско потекло Џорџ Сорос.

Тој во авторски текст за порталот „Проект синдикат“ со седиште во Прага, рече дека Унгарија и Полска, иако имаат најголема корист од буџетот, силно се спротивставуваат на условување со владеење на правото, како што е утврдено од ЕУ.

Како што рече, тие две земји знаат дека се одговорни за „шокантното кршење“ на владеењето на правото и не сакаат да ја платат цената.

Според него, ветото за буџетот на ЕУ е „чекор без преседан“ на двајца, како што рече, „сериски престапници“, што предизвика забуна кај членките на ЕУ, но тој верува дека постои начин тоа да се заобиколи.

– Во случај да нема договор за новиот буџет, стариот буџет, кој истекува на крајот на 2020 година, ќе се продолжува на годишно ниво. Унгарија и Полска не би добиле средства од тој буџет затоа што нивните влади го кршат владеење на правото – рече Сорос.

Тој додаде дека на ист начин, Фондот за обновување може да примени подобрена постапка, како што е предложено од Гај Верхофштад, и ако ЕУ стави вето на тоа, Орбан-Качински може да се избегне.

Зборувајќи за унгарскиот претседател Виктор Орбан, тој рече дека изградил разработен клептократски систем во Унгарија со цел да ја ограби земјата.

– Тешко е да се утврди колку точно се збогатија неговото семејство и пријателите, но некои од нив станаа неописливо богати. Орбан сега го користи новиот бран Ковид-19 за промена на унгарскиот устав и изборниот закон и да се зајакне како доживотен премиер со уставни средства. Тоа е трагедија за унгарскиот народ – смета Сорос.

Тој додаде дека унгарските опозициски партии се обидуваат да формираат заедничка листа на кандидати кои би се кандидирале на изборите во 2022 година, но, како што вели, нивните шанси за успех се мали, бидејќи Орбан ги сменил изборните правила.

Покрај тоа, вели Сорос, Орбан ја контролира целата земја, како и медиумите, и во многу села, гласањето не е тајно.

– Само ЕУ може да помогне. Фондовите на ЕУ може да бидат насочени кон локалните самоуправи каде демократијата сè уште постои. ЕУ не смее да дозволи компромис – заклучи Сорос.

Слични содржини