„Извини што ве вознемирувам, се јавувам за брат ми“, „Имате ли информации за мојот сопруг“, „Здраво, ова ли е местото каде што може да се дознае дали некој човек е жив?“, се само дел од извадоците од аудио снимки направени на телефонска линија со која управува украинската влада. Мајки и татковци, сопруги, браќа и сестри, ангажирани во очајна потрага по своите најблиски за време на руската инвазија на Украина.
Треперливите гласови не повикуваат на потрага по Украинци, туку на информации за руски војници.
Снимките што украинските функционери кои ја водат оваа телефонска линија ги споделија со CNN покажуваат очај и неизвесност во гласовите на јавувачите. Toa фрла ново светло на тоа колку строго Москва ја контролира комуникацијата за војната.
Снимките покажуваат дека многу руски војници не знаеле кои се плановите на нивните претпоставени и зошто се распоредени, а се погласни се извештаите дека руските војници не комуницирале со нивните семејства.
Една жена зборува низ солзи додека бара информации за нејзиниот сопруг.
Операторот ја прашува кога последен пат ја контактирал сопругот, а потоа одговара на 23 февруари кога бил блиску до границата. Таа додаде дека ѝ рекол дека оди во Киев, но дека не кажал зошто.
In recordings shared exclusively with CNN by the Ukrainian officials operating the hotline, the desperation and uncertainty in the callers' voices sheds light on how tightly Moscow is controlling communications about the war. https://t.co/RwwgLTSQvF
— CNN Philippines (@cnnphilippines) March 8, 2022
Видеата што се појавија на интернет на почетокот на инвазијата на 24 февруари, покажуваат како цивилите и војниците од Украина им дозволуваат на руските војници да се јават дома и да разговараат со своите родители.
Дежурната линија наречена „Вратете се од Украина живи“ беше воспоставена од украинското Министерство за внатрешни работи, кое призна дека иницијативата е и хуманитарно и пропагандно средство.