Соседите на Милан Поповиќ: Страв ни е дури и да му речеме „добар ден“

од Elena Daskalova
357 прегледи

Соседите на поранешниот сопруг на Северина на Врачар, каде порано живеел, воопшто немаат убаво мислење за него, ниту пак имаат нешто добро да кажат.

Една од сосетките изјавила дека била многу вознемирена кога низ медиумите одекна веста дека Поповиќ го добил старателството над детето.

„Во мене се појави сериозна лутина затоа што некој се осмелил да го оддели детето од неговата мајка“, изјавила таа за српските медиуми.

За него, соседите ќе речат дека е суетен, превртлив и дека ја користи моќта на парите кои ги има, за да може да го добие она што го сака. Низ Врачар се зборувало и дека го продал локалот кој го поседувал таму, за да ги потплати хрватските судии да пресудат во негова корист, пишува Еспресо.рс.

Тој уште има стан таму, повремено доаѓа, а соседите велат дека постојано е намуртен и дека се плашат воопшто да го отпоздрават ако случајно се сретнат со него.

„Изгледа како човек кој е заинтересиран само за себе и воопшто не размислува дали на другите им е добро или не, не го интересираат“, изјавила сосетката.

За врската со Северина, соседите велат дека било јасно дека нема да потрае, бидејќи таа била постојано ведра, насмеана и среќна, целосна спротивност на него.

Слични содржини