245
Во Вашингтон денеска се одржува состанок на Г-20, а како што најавија претставници на земјите членки, ќе се координираат акции поради руската инвазија на Украина.
Додека некои западни престолнини тврдат дека Русија треба целосно да биде исклучена од глобалните состаноци поради нејзините постапки, тоа не е ставот на другите во Г20, вклучувајќи ги Кина и Индонезија, кои претседаваат со групата оваа година, пишува „Гардијан“.
Москва вчера потврди дека министерот за финансии, Антон Силуанов ќе ја предводи руската делегација на разговорите и покрај постојаните протести на западните дипломати.