Состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина ќе се одржи на 22 септември на министерско ниво, што значи дека ќе бидат поканети министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитри Кулеба, изјави постојаниот претставник на Франција во ОН, Никола де Ривиер.
„Тоа е министерски состанок за Украина и ќе бидат поканети сите министри на Советот за безбедност. Така, се разбира, ќе биде и рускиот министер, а бидејќи се работи за состанок за Украина, ќе биде поканета и Украина“, рече постојаниот претставник на Франција, земја која во септември ќе претседава со Советот за безбедност на ОН, јави ТАСС.
„Ќе бидат поканети министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитри Кулеба“, изјави постојаниот претставник на Франција во ОН, Николас де Ривиер.