Состанок на високо ниво за договорот за жито ќе се одржи во Истанбул од 10 до 11 мај, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин.
„Да, утре и задутре имаме средба на високо ниво во четирипартиски формат во Истанбул“, изјави тој за новинарите, пренесе РИА Новости.
Москва претходно соопшти дека нема да го продолжи договорот по 18 мај, кога истекува, освен ако не се отстранат пречките за рускиот извоз на жито и ѓубрива, објави Ројтерс.