Австралијците погодени од разорните поплави денеска почнаа да се враќаат во своите домови откако времето се подобри и властите ги засилија напорите за расчистување, иако се издадени нови наредби за евакуација во некои области каде што нивото на водата продолжува да се зголемува.
Укинати се неколку наредби за евакуација, но околу 20.000 луѓе сè уште чекаат во центрите за спасување, соопштија властите на Нов Јужен Велс, пренесува „Ројтерс“.
Дождовите што паѓаа пет дена, најтешки врнежи од дожд во повеќе од половина век, предизвикаа излевање на реките од бреговите, поплавување на домови, патишта, мостови и фарми и отсекување на цели градови во источна Австралија.