Бројот на заразени со Ковид-19 е во пораст во Гостивар.
„Апелираме до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вакцинацијата е најдобрата заштита од оваа болест, што е утвдрено со голем број на светски истражувања. Општина Гостивар ги отстапува своите капацитети за отворање на нови пунктои за вакцинација на територијата на Гостивар. Поред кажаното на состанокот донесовме заклучок со четири точки: Прва е оценката дека ситуацијата е сериозна, но под контрола. Второ, упатуваме апел до граѓаните да се придржуваат до препораките на институциите за примена на мерките за заштита. Трето е граѓаните да се вакцинираат, бидејќи тоа засега е најдобрата заштита, а последна четврта точка е дека локалната самоуправа ги става на располагање своите капацитети за организирање нови пунктови за вакцинација”, изјави градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.
Таравари нагласил дека Општина Гостивар е подготвена во функција на поголем опфат на населението со вакцинацијата на здравствените институции да им отстапи свои простории, меѓу кои и спортската сала.
Во гостиварската општа болница, капацитетот за прием на пациенти е речиси исполнет и денес таму на лекување биле 103 пациенти со КОВИД-19, од кои 63 се на кислородна поддршка.