Состојбата со пожарите најкритична во Малешевијата

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Пожарите не стивнуваат, а најкритична е состојбата во пехчевско и беровско. Постои закана, огнот да се прошири и кон Бугарија.

На тој потег со пожарите се борат над 350 луѓе, но ветрот им ја отежнува работата. Се прават пресеци со градежни машини, се заоруваат ниви и необработливи површини, се сечат дрвја се со цел да се спречи понатамошното интензивно ширење, информираат од ЦУК.

Вчера доцна попладнето беа испратени три хеликоптери од кои еден македонски и два српски кон беровското село Мачево, каде ситуацијата со пожарот беше многу критична и имаше опасност огнот да зафати неколку куќи.

– Хеликоптерите ќе продолжат да дејствуваат во овој реон (пехчевско/делчевско/беровско) сè додека има доволно дневна светлина, објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Слични содржини