
Стравот од породувањето ја нарушува рамнотежата на нивното заедничко усогласено дејствување, а тоа води до подолго и поболно породување.
Стравот предизвикува ослободување на хормони кои со своето дејство се спротивни на хормоните што помагаат при породувањето. Преголемиот страв може да го прекине веќе почнатото породување.Може да ја намали циркулацијата на крв во матката, а со тоа и доводот на кислород. Последица на намалениот кислород е брзо заморување и болка во мускулите.

Жените породувањето често пати го доживуваат така како што си го замислиле. Оние жени што мислат дека нема да можат да го издржат без анестезија, најчесто и не можат да го издржат. Оние што сметаат дека нема да им помогнат природните техники, како што е дишењето, најчесто навистина немаат помош од нив. Загриженоста заради болката била чест индикатор за тоа дека жената породувањето ќе го доживее како негативно искуство.
Спротивставувајќи му се на стравот, мајките кои пристапуваат на ова искуство како на нешто природно, за што се опремени, и покрај болката најчесто го доживуваат како позитивно искуство.