560
„Петре Шилегов кога веќе не постигна ништо како градоначалник ја презема улогата портпарол на МВР“, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.
„Бидејќи објавува казни кои се прашуваме како стигнале до него, тогаш го повикуваме да одговори:
Колкава е казната која ќе ја плати возачот кој возеше по велосипедската патека?
Дали тоа не се прениско 50 евра или 3000 денари за возење по велосипедска патека и тротоар?
Каде на казната пишува дека се одзема возилото, тоа никаде не може да се забележи од документите кои се објавени.
Како полициски белешки стигаат до градоначалникот на Скопје? Дали Шилегов има ново работно место а јавноста не знае или пак продолжува да се злоупотребува МВР?“, прашуваат од партијата.