Советник: Ако сте имале несреќно детство, можеби ги имате овие 4 особини

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Детството обликува многу аспекти од нашите животи, вклучувајќи го и начинот на кој се справуваме со љубовта, интимноста и врските во зрелоста.

Луѓето кои не добивале доволно љубов и внимание додека растеле често развиваат специфични модели на однесување кои ги разликуваат од оние кои имале топла и грижлива поддршка.

Семејната и брачната советничка Тина Феј сподели неколку знаци кои можат да откријат како недостатокот на љубов во детството влијае на луѓето.

1. Тешкотии во воспоставувањето блиски односи

Луѓето кои немале доволно емоционална или физичка блискост во детството често имаат потешкотии да формираат длабоки и значајни врски, тврди Феј. „Без чувство на сигурност и поврзаност на почетокот на животот, возрасните може да имаат потешкотии да веруваат и да се отворат кон другите. Иако тоа не значи дека не можат да развијат блиски односи, честопати е потребен повеќе напор и самосвест“, објасни таа за „Hack Spirit“.

2. Прекумерна независност

„Недостигот на љубов и внимание во текот на детството може да доведе до прекумерна независност во зрелоста. Таквите личности често имаат силна потреба да прават сè сами, избегнувајќи да се потпираат на другите. Иако независноста е позитивна особина, прекумерната изолација може да го отежне формирањето односи за взаемна поддршка“, посочува советникот.

3. Зголемено ниво на анксиозност и депресија

Луѓето кои не добивале доволно љубов во детството често се борат со повисоки нивоа на анксиозност и депресија во зрелата возраст. Феј вели: „Истражувањата покажаа дека недостатокот на емоционална поддршка го зголемува нивото на кортизол, хормон на стрес, кој долгорочно влијае на емоционалното здравје“.

4. Тешкотии со изразување физичка наклонетост

Возрасните кои не научиле да ја изразуваат љубовта преку физичка блискост во детството често се чувствуваат непријатно со гестови како прегратки или бакнежи.

„Ова може да го отежне изразувањето љубов и поддршка во врските. Меѓутоа, со текот на времето и вежбањето, можно е да научите како да се отворите за овие форми на поврзување. Овие знаци не се нужно постојани и секогаш се можни промени. Разбирање на овие моделите на однесување се првиот чекор кон создавање поздрави врски и зајакнување на емоционалната врска“, заклучи советникот.

Слични содржини