Советникот од редовите на СДСМ во Општина Гази Баба, Берат Вејсел е еден од приведените вечерва во Сингелиќ, поради што имаше проест , дознава 24 Инфо.
Според него, тој тврди дек бил уапсен во неговиот двор, по што бил однесен во полициска станица, откако полицијата применила сила. Набргу на улицата кај црквата кај локалниот стадион се насобрале стотина граѓани кои барале нивно ослободување.
Вејсел бил задржан на информативен разговор, а по половина час дошол градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски. Градоначалникот рекол дека ќе ја смири состојбата и полицијата се воздржала од интервенцијата. Приведените биле пуштени, а граѓаните си заминале дома.
Според очевидци, во дворот биле собрани повеќе лица и играле карти, но по дојава од гражани дошла полицијата бидејќи имало групирање на повеќе од две лица.
По пиведувањето на најверојатно тројца, се собрало локалното население и протестирало, по што дошол Георгиевки и ветил дека ќе се ослободат приведените.