Советникот на Зеленски тврди дека досега е направена штета од 100 милијарди долари

од Nikola Popovski
262 прегледи

Штетата предизвикана од војната во Украина во моментов се проценува на 100 милијарди долари, според прелиминарните проценки, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Олег Устенко.

„Првите прелиминарни проценки покажуваат дека вредноста на имотот што веќе го изгубивме, а кој е уништен е околу 100 милијарди долари“, рече Устенко во разговор со претставници на американскиот институт за меѓународна економија Петерсон.

Устенко оцени дека украинскиот финансиски систем функционира доста добро „со оглед на сегашните околности“, наведувајќи дека девизниот курс е помал, постабилен.

Советникот на Владимир Зеленски изјави дека Украина минува низ „вистинска катастрофа“ и дека е „посериозна отколку што некој можеше да замисли“.