Советникот Венко Крстевски ќе се пријави за в.д. градоначалник на Кочани

од Milan1
130 прегледи

Независниот советник во општина кочани, Венко Крстевски преку својот „Фејсбук“ профил соопшти дека ќе се пријави за в.д градоначалник на општината.

Според Крстевски, советниците од владејачката партија немаат дадено ниту еден предлог за градоначалник па затоа, како што вели, „храбро одлучил да ја преземе улогата“.

„Свесен сум дека јас сум само еден независен советник во Советот, но верувам дека некој од советниците ќе го препознае мојот квалитет и искрена желба за создавање на подобри услови за живеење на кочанчани и нивните деца. Јас секогаш сум на страната на народот“, пишува тој.

Слични содржини