Советот на Европа и ЕУ со кампања „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“

од Vladimir Zorba

Преку црвени рози, како симбол на љубовта, ќе биде пренесена главната порака на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“, фокусирана на борбата против говорот на омраза и дискриминацијата. Јавниот настан ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, денес – 14 април 2022 година, од 12:00 до 14:00 часот, на влезот на „Школка.“ На настанот ќе присуствуваат млади активисти, јавни личности и поддржувачи на кампањата за подигање на свеста и информирање на граѓаните за борбата против говорот на омраза и дискриминацијата.

На настанот ќе се споделат цвеќиња и материјали поврзани со кампања, а ќе ни се придружат и дел од Амбасадорите против говор на омраза и Младите Европски Амбасадори., Сите заинтересирани ќе имаат можност да се фотографираат и дискутираат со Амбасадорите за начините за борба против говорот на омраза и дискриминација во локалните заедници и општеството во целина.

Кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ има за цел да ја покрене свеста за различните форми на говор на омраза кои таргетираат специфични заедници и поединци во македонското општество, како и да промовира различни начини за спротвиставување на говорот на омраза. Кампањата вклучува јавни личности, институции, организации и клучни активисти за човекови права кои преку лични сведоштва, приказни и размена на добри практики ќе промовираат разноликост и еднаквост во локалните заедници и ширум регионот.

Слични содржини