Советот на обвинители од Јанева ќе бара одговори за начинот на предавањето на материјалите од страна на СДСМ, односно она што во изминатиот период, секојдневно го повторуваа од ВМРО – ДПМНЕ.
Истовремено, три недели од новата година специјалната обвинителка е под мраз бидејќи Собранието не носи одлука со која ќе одобри финансиски средства за работата на СЈО за 2016 година. Според информациите од Специјалното јавно обвинителство, финанскиот план е усвоен од Министерството за финансии и Владата, но, Собранието не го става на дневен ред за да може да се изгласа.
СЈО блокирано!- до избори останува без пари, Собранието се распушти и нема кој да го изгласа буџетот
Во меѓувреме Специјалното јавно обвинителство веќе соопшти дека имале соодветна документација од примените доказни материјали од Зоран Заев, претседателот на СДСМ. Но, во јавноста претходно беа објавени одредени сомнежи во постапката при примањето на „бомбите“ од Заев, па денес, најверојатно лично Јанева ќе треба да се правда и да ги покаже пропишаните документи за примопредавањето и за административното водење на предметот. Медиумските мегафони на власта веќе ја прогласија за виновна и сакаат неа да ја сместат во затовор наместа тие кои таа ги гони, и не дозволуваат воопшто да поднесе каква било кривична и да ја почне работата. Советот денеска ќе одлучува за тоа дали Јанева постапила законски или не.
Советот на јавните обвинители е единствениот орган што има право да ја цени стручноста на работењето на специјалната обвинителка. Во тој контекст како што најавуваат провладините мегафони, Според законските одредби, Советот на јавните обвинители ќе треба да реши дали ќе води дисциплинска постапка против обвинителката за несовесно и нестручно работење, што би можело да доведе и до нејзино разрешување
Како и да е на експертската јавност и е јасно и нескриено коментира дека ова е форма на тежок притисок врз Јанева, се со цел да се попречи и девалвира нејзиното работење, и до колку и се заврши и заокружи која било истрага во врска со бомбите, полесно да биде менџирана во јавноста и спречена нејзино кривично процесуирање да првите луѓе на власта.
